🎙️ Dubbing
Бараш dubbing што звучи како природен дел од содржината? Тука си на точното место. Во Tik-Tak Audio правиме dubbing на балканските јазици — македонски, српски, хрватски, босански, албански (косовска варијанта), црногорски и словенечки — и секогаш се грижиме резултатот да седнува природно, течно и беспрекорно.
Не само што преведуваме, туку локализираме, дотеруваме и „vibe-check“-ираме секој збор. Затоа што ако не делува реално и не седнува како што треба, каква е поентата?
ТВ серија, филм, реклама, анимација или документарец за сирења (да… сме виделе сешто) — се грижиме приказната да стигне онака како што треба до публиката.
🎬 Како работиме:
- ✅ Покриваме сè: превод, адаптација, casting, режија, снимање, mixing — целиот процес.
- ✅ Еден контакт за сите балкански пазари. Помалку хаос, повеќе мир.
- ✅ Брзи сме. Прецизни сме. И квалитетот не го компромитираме.
Со над 24.000 минути dubbing и 10+ години искуство, знаеме како твојата содржина да звучи природно, локално и на точка — секој пат.
Сакате да го контактирате нашиот тим?
Без разлика дали имате прашања, сакате соработка или само да кажете здраво — тука сме за вас.
Контактирајте нè