🎞️ Титлување
ПРОЧИТАЈ ГО!
Правење титлови што се јасни, емоционални и навремени? Полесно е да се каже отколку да се направи. Еден мал тајпфел, една секунда покасно — и твојата емотивна сцена одеднаш станува… хорор.
Во Tik-Tak Audio се грижиме твојата приказна да слета точно онака како што треба — на секој јазик.
Специјализирани сме за мултијазично титлување на македонски, српски, босански, хрватски, црногорски и албански. Од филмови и серии до реклами, игри и маркетинг видеа — ако се движи, ние го титлуваме.
И го правиме како што треба. Со остра проверка, прецизност на мајчин говорител и добра доза културен рефлекс. Затоа што, искрено, „Chicken out“ не е секогаш „Кокошката надвор“. (Освен ако твојот скрипт се работи за живинска драма.)
Испорачуваме subtitle фајлови во сите главни формати — спремни за ТВ, IPTV платформи и стриминг сервиси.
Без стрес, без комликации — само брзи, точни, прекрасно синхронизирани титлови што помагаат твојата порака да патува преку граници (и да има смисла кога ќе стигне).
Бараш титлови што погодуваат на секој балкански пазар? Ти чуваме грб. Ајде да работиме.
Сакате да го контактирате нашиот тим?
Без разлика дали имате прашања, сакате соработка или само да кажете здраво — тука сме за вас.
Контактирајте нè